Шолц: Германија треба што поскоро да стекне енергетска независност од Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека земјата треба да стекне независност од Русија во областа на снабдувањето со енергија што е можно побрзо и побезбедно, а исто така ги поддржа источногерманските региони во надминувањето на последиците од санкциите воведени кон Русија. „Предолго и еднострано се потпиравме на испораките со енергија од Русија", рече Шолц во неделата во говорот на економскиот форум во Бад Сароу, пренесе Ди Велт.

Фото: ЕПА

„Старата формула дека Русија е сигурен економски партнер (на Германија) дури и во кризни ситуации повеќе не важи“, додаде тој. Тој нагласи дека Германија мора да стекне независност од руските енергенти „што е можно поскоро, но и што е можно побезбедно“. Шолц вети дека ќе ги поддржи источногерманските региони во надминувањето на последиците од санкциите врз Русија.

Според него, нафтеното ембарго воведено кон Русија не треба да доведе до големи регионални разлики во цените на бензинските пумпи, а во неговото спроведување треба да се гарантира сигурност во снабдувањето и достапноста на енергијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе