„При подготвувањето на списокот на големи конструкциски проекти, ќе посветиме посебно внимание на конструкциите во интерес на нашите стратешки нуклеарни сили“, рече Шојгу, а пренесе руската агенција РИА.
Во понеделникот, Русија ги одложи преговорите за нуклеарно разоружување со САД без објаснување, велејќи само дека преговорите ќе се одржат во иднина. Сегашниот договор за нуклеарно оружје, наречен СТАРТ, истекува во 2026 година.
Шојгу, пренесува РИА, ја коментираше и ситуацијата со Русите мобилизирани за војната во Украина. Тој рече дека 300.000 резервисти, вклучително и доброволци, биле обучени во два месеци откако рускиот претседател Путин нареди „делумна мобилизација“. Министерот тврди дека обуката била спроведена во повеќе од 100 кампови за обука во Русија и Белорусија.