Шојгу во Белорусија: Западот само официјално не им објави војна на нашите земји

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во саботата во Белорусија се сретна со белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин, како и со претседателот Александар Лукашенко. Руските и белоруските медиуми објавија дека Шојгу разговарал за „воената обука и регионалната безбедност" со своите белоруски колеги.

Фото: ЕПА

На средбата со белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин е потпишан договор за „соработка во областа на одбраната и регионалната безбедност“, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

„Република Белорусија беше и останува наш сигурен партнер. Ова е особено важно денес, во услови на невиден притисок од колективниот Запад и војна која само официјално не им е објавена на нашите земји“, рече Шојгу, а пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

Шојгу, исто така, ја пофали „одлучноста на Белорусија да се спротивстави на непријателствата на САД и нивните сојузници“, пренесе РИА.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе