Рускиот министер за одбрана

Шојгу: Руските сили уништија шест американски ракетни системи ХИМАРС и 33 хаубици М777

Руската војска во текот на специјалната операција во Украина уништила шест лансери и над 200 ракети за системите ХИМАРС, а уништени се и 33 американски хаубици М777 и пет лансери на противбродскиот ракетен систем „харпун“, соопшти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

EPA-EFE

„Неконтролираните испораки на западно вооружување на Украина сериозно ја загрозуваат безбедноста на регионот. Вкупно во нападите на руските трупи на воени објекти на оружените сили на Украина се уништени 33 американски хаубици М777 и пет лансери на противбродски ракетни фрлачи „харпун“, како и шест лансери и над 200 ракети за повеќецевните ракетни фрлачи ХИМАРС“, изјави Шојгу.

Според него, во изминатите две недели украинските трупи изгубиле 396 противтенковски ракетни системи „џавелин“, противтенковски фрлачи на ракети и 125 преносни противавионски ракетни системи „стингер“.

Шојгу додаде дека руските сили активно се вклучени во работата на воспоставување на мирниот живот во „ослободените“ региони Доњецк и Луганск во источна Украина.

„Спроведени се вкупно околу 1.400 хуманитарни акции во текот на кои се доставени над 50.500 тони товар. Воените градежници забрзано ја обновуваат цивилната инфраструктура на ослободените територии“, прецизираше Шојгу.

Според него, во најкраток можен рок е изграден водовод со вкупна должина од 90 километри, кој обезбедува снабдување со до 50.000 кубни метри за жителите на Доњецк и соседните области.

Во моментов се градат уште два водоводи од околу 60 километри за жителите на Доњецк и Луганск и се реконструираат витални објекти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе