Рускиот министер за одбрана

Шојгу нареди повлекување на руските сили од Херсон (ВИДЕО)

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на руските сили, соочени со украински напади во близина на градот Херсон на југот на Украина, да се повлечат на западниот брег на реката Дњепар. Објавата на рускиот министер претставува едно од најзначајните руски повлекувања во војната која трае речиси девет месеци.

EPA-EFE

„Животите и здравјето на нашите војници секогаш се приоритет. Имајте ја предвид заканата за цивилното население и почитувајте ги желбите на оние кои сакаат да заминат. И обезбедете го преносот на воената опрема преку Дњепар“, кажа Шојгу.

Рускиот генерал Сергеј Суровикин за руска телевизија изјави дека не е можно повеќе да се снабдува Херсон. Додаде дека предложил поставување на одбранбени линии на источниот брег на реката Дњепар. Руската одлука следи по неколку недели украинско напредување кон градот и обидите на Русија да евакуира над 100.000 жители на Херсон.

„Ќе ги спасиме животите на нашите војници и борбената способност на нашите единици. Залудно е да ги држиме на десниот брег. Некои од нив можат да се користат на други боишта“, кажа Суровикин.

Украинските сили пред неколку недели почнаа офанзива за Херсон, единствената територија под руска контрола на западниот брег на Дњепар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе