Шкотскиот суд ќе одлучува дали одлуката на Џонсон за суспендирање на парламентот е легална

Шкотскиот суд денес расправа со цел да одлучи за легалноста на одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира парламентот воочи потенцијалниот брегзит без договор.

Расправата се одржува од 11 часот по шкотско време. Англиските судови во август не работат.

Џонсон вчера побара суспендирање на парламентот на подолг период од вообичаено. Со тоа ги налути своите противници и дополнително ја искомплицира најголемата политичка криза во Велика Британија во последните неколку децении.

Британскиот премиер најавува дека ќе ја изведе својата држава од Европската унија на 31 октомври со или без договор.

Група од седумдесетина пратеници од опозициските партии веќе изразија поддршка на највисокиот шкотски граѓански суд да одлучи дека Џонсон нема право од кралицата Елизабета да побара суспендирање на парламентот. Тој го стори тоа вчера.

„Нешто што веќе е направено може да се отфрли, нешто што сè уште не е направено може да се спречи“, рече Џоана Чери, пратеничка на шкотските националисти.

Лидерката на Конзервативната партија во Шкотска, Рут Дејвидсон во четвртокот поднесе оставка, ослабувајќи ја позицијата на Џонсон. Дејвидсон рече дека не може веќе да го ускладува семејниот живот со политичкиот и дека сторила сè што може да ги намали ризиците од брегзит.

Оставка поднесе и конзервативецот Џорџ Јанг, шеф на клубот пратеници во парламентот, велејќи дека е незадоволен од суспендирањето и причините наведени за таквата одлука.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе