Шкотски суд суспензијата на британскиот парламент ја прогласи за легална

Највисокиот граѓански суд на Шкотска ја прогласи за легална одлуката на премиерот Борис Џонсон подоцна месецов да го суспендира британскиот парламент на само две недели пред Британија да ја напушти Европската Унја, соопштувајќи дека тоа не е прашање за кое треба да одлучува судија.

Судијата Рејмонд Доерти ја отфрли тужбата на 75 проевропски парламентарци за блокирање на суспенцијата, која противниците ја критикуваат како потег на шефот на владата за да ги спречи да го блокираат брегзитот без договор на 31 октомври.

Суспензијата на парламентот „потпаѓа во областа на политиката и одлучувањето, која не може да се процени со правни критериуми, туку само со политички пресуди“, истакна во пресудата и оцени дека одлуката е на парламентот или на гласачкото тело.

„Мојот став е дека немало кршење на законот“, изјави судијата Доерти.

Џонсон отвори жива дебата минатата недела кога реши да го суспендира парламентот во период од пет недели до 14 октомври, само две недели пред предвидениот датум за брегзит.

Правосдуни одлуки во две слични тужби треба да бидат донесени и во Белфаст и во Лондон.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе