Суспензијата почна вчера

Шкотски суд ја прогласи суспензијата на британскиот парламент за незаконска (ВИДЕО)

Шкотски суд ја прогласи денес за незаконска одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира парламентот, но не наложи поништување на суспензијата.

Тричлениот судски совет ја поддржа тужбата на група политичари од разни партии кои се спротивставија на потегот на премиерот.

Со денешната одлука се менува претходната одлука на судот кој минатата недела утврди дека Џонсон не го прекршил законот.

Денешната долука нема веднаш да влијае врз суспензијата на работата на британскиот парламент која почна вчера.

Судиите наведоа дека конечната одлука треба да ја донесе британскиот Врховен суд кој за тоа прашање ќе расправа во вторник.

Група пратеници ја оспорија одлуката на владата да го суспендира парламентот на пет недели до 14 октомври, што му остава на парламентот само две недели работа пред Британија да треба да ја напушти Европската Унија. Нивниот аргумент е дека Џонсон се обидува да избегне демократски надзор.

Во денешниот заклучок на шкотскиот суд се наведува дека судиите едногласно изразиле уверување дека одлуката на Џонсон да го суспендира парламентот е мотивирана од непримерната цел да се попречи парламентот.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе