Шкотите бараат нов референдум за независност повикувајќи се на британското признавање на Косово

Владејачката Шкотска национална партија (СНП) соопшти дека Шкотите се еден народ и побара независност, наведувајќи го во аргументите прогласувањето на независноста на Косово кое го призна Велика Британија.

EPA-EFE

Во барањето до Врховниот суд на Британија, со прашањето дали е можно Шкотска да одржи нов референдум за независност без дозвола од британскиот парламент, партијата наведе дека Шкотите имаат „неотуѓиво право на самоопределување“.

Огромно мнозинство експерти веруваат дека барањето на лидерката на партијата Никола Стурџон за нов референдум во октомври следната година ќе биде одбиено, бидејќи законот за Шкотска јасно вели дека Кралската резиденција во Шкотска не може сама по себе да носи закони за областите во Кралството.

Меѓутоа, СНП соопшти дека, иако британскиот парламент е можеби врховниот законодавец во Обединетото Кралство, тој „не може да се меша во основното право на самоопределување“.

Врховниот суд ѝ дозволи на партијата своето објаснување да го изнесе во пишана форма.

Во барањето на СНП како аргументи се наведуваат Повелбата на Обединетите нации од 1945, канадскиот судски спор околу Квебек и британската поддршка на независноста на Косово во 2008 година. Цитирана е и декларација на Обединетите нации од 1984, во која е кажано дека власта треба да биде во рацете на народите, а не на владите.

Покрај тие аргументи додаде се и некои историски, вклучувајќи два од 1689 и 1707 година во кои се тврди дека Шкотите треба да се сметаат за народ.

„Народот може да се дефинира според државните граници, како што често беше случај со независноста на поранешните колонијални територии“, се наведува во документот.

Шкотите во 2014 година одржаа референдум за независност, на кој 55 отсто од гласачите гласаа против независност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе