Во Урал

Деветмина мртви, над 20 ранети во пукање во училиште во Русија (ВИДЕО)

Според властите, напаѓачот сам се застрелал.

Шест лица загинаа, а 20 се ранети во пукање во училиште во градот Ижевск во руската област Урал во понеделникот, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во училиштето бр. 88. Локалното министерство за образование соопшти дека учениците и наставниците се евакуирани од зградата.

Снимките од местото на настанот покажуваат како учениците и наставниците бегаат од зградата, како и жртви што на носилки ги носат до возилата на брза помош.

На интернет се појавија и фотографии и снимки од внатрешноста на училниците, каде што учениците се забарикадирале за време на пукањето.

Полицајците го нашле телото на напаѓачот, кој наводно сам се застрелал. Руските медиуми објавија дека напаѓачот бил руски мобилизиран војник, кој не сакал да биде испратен да се бори во Украина.

На видеата од местото на настанот се гледаат неколку возила на брза помош и полициски возила надвор од училиштето.

Во Ижевск, главниот град на Руската Република Удмуртија, живеат 630.000 луѓе.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе