Шестгодишно девојче загина во пожар во бегалски камп во Грција (ВИДЕО)

Шестгодишно девојче загина во голем пожар кој изби во бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос, изјави денес пожарникарскиот командир Евангелос Васис за државната телевизија ЕРТ.

Пожарникарската служба верува дека станува збор за несреќа, а не за подметнат пожар.

Пожарникарите тешко го контролирале пожарот поради големата близина на станбените контејнери во бегалскиот камп Морија, известуваат гршките медиуми.

Еден контејнер и две привремени населби изгореле, објави ЕРТ. Пожарот бил изгасен еден час по избивањето.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од луѓе како панично бегаат од огнот.

Во кампот Морија и околу него има 19.000 луѓе, иако официјално кампот може да прими 2.840 луѓе.

Ситуацијата, слична и во другите бегалски кампови, се влоши по порастот на новите пристигнувања.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе