Да сопре „неправедната“ распределба

Шест земји од ЕУ бараат Брисел да ја коригира распределбата на вакцините

Шефовите на владите на шест земји од Европската Унија побараа денес од Брисел да донесе „корективен механизам“ за да прекине „неправедната“ распределба на вакцините против коронавирусот меѓу членките на Унијата.

EPA-EFE

„Мислам дека е важно да се најде техничко решение со Европската комисија и Европскиот совет за да се испорачаат дополнителни дози вакцини на оние на кои им е направена неправда“, кажа во Виена австрискиот канцелар Себастијан Курц по средбата со премиерите на пет земји.

Премиерите на Чешка Андреј Бабиш, на Словенија Јанез Јанша и на Бугарија Бојко Борисов денес престојуваа во Виена, додека премиерите на Хрватска Андреј Пленковиќ и на Летонија Артурс Крисјанис Каринс на средбата учествуваа преку видео-врска.

Курц кажа дека Бугарија до сега во однос на популацијата добила само третина од предвидените дози вакцини, иако договорот на ЕУ бил вакцините да се распределат во зависност од бројот на жители.

„Беше кажано дека земјите членки на ЕУ треба да се воздржат од употреба на кинеските и руските вакцини“, кажа бугарскиот премиер, чија земја, како и Чешка, се соочува со нов силен бран на коронавирусот.

Борисов додаде дека не се бара милостина, туку се исправа неправдата.

Јанша го предупреди Брисел на можна политичка криза доколку таквата ситуација продолжи.

„Офанзивата“ против актуелниот систем на распределба на вакцините во ЕУ ја почна Курц минатата недела, бидејќи се соочува со сè поголемо незадоволство од граѓаните во Австрија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе