Нови жртви на судирот

Шест Палестинци убиени на Западниот брег, протести во Турција, Либан, Јордан (ВИДЕО)

Шестмина Палестинци се убиени денес на Западниот брег во неколку судири со израелската војска, соопшти палестинското министерство за здравство.

EPA-EFE

Како што е наведено, петмина се убиени додека фрлале камења врз израелските војници на неколку локации, а шестиот во обид да нападне израелски војник со нож, пренесува Асошиејтед прес.

Палестинците се убиени среде ескалацијата на судирите меѓу израелската војска и палестински Хамас кој владее со појасот Газа и насилствата во израелските градови во кои живее мешано еврејско арапско население.

Од почетокот на тој судир во понеделникот убиени се вкупно десет Палестинци на Западниот брег.

На таа територија која Израел ја освои во војната во 1967 година вообичаено се одржуваат протести во петок против ширењето на еврејските населби. Овој петок демонстрантите исто така ги осудиле израелските напади врз појасот Газа, јавува Франс прес.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека во денешните протести се ранети повеќе од 100 Палестинци.

На Западниот брег живеат околу 450.000 еврејски доселеници и 2,8 милиони Палестинци.

Во Турција денес протестираа стотици луѓе, апелирајќи до Палестинците да го продолжат отпорот против Израел. Демонстрантите носеа палестински знамиња и извикуваа пароли на поддршка на Хамас, за време на симболичен погреб на Палестинците убиени во овонеделните судири.

Тие ги повикаа турските војници да одат во Газа за да помогнат во борбата против Израел и извикуваа „Ал акса (џамија во Ерусалим) ќе биде спасена ако крв тече во потоци“.

Народот во Турција демонстрира против Израел неделава собирајќи се, а полицијата не интервенира и покрај строгите мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Израелската војска денес испукала предупредувачки истрели кон група демонстранти кои влегле на израелска територија од Либан во рамки на протест против израелските напади на Газа.

Демонстрантите запалиле оган пред да се вратат на либанска територија, а телевизијата на либански Хезболах јави дека едно лице е рането.

Протести имаше и во Јордан, каде стотици луѓе трчаа кон границата со Израел и на сила минаа низ контролниот пункт на јорданска страна. Демонстрантите во Јордан исто така порачаа дека ќе ја спасат Ал акса. Протести имаше и во престолнината Аман по традиционалната муслиманска молитва во петок попладне.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе