„Сè што имав да кажам за Ѓорѓе Балашевиќ кажав дека беше жив. Сега кога е мртов, немам што да додадам или одземам. Огорчен сум што со некои пагански ритуали се сквернават спомениците во центарот на Белград и Нови Сад. Можеа тоа да го прават на гробишта, пред куќата на Балашевиќ, на некое друго место“, кажа Шешељ.
Тој го коментираше и филмот „Дара од Јасеновац“. За него тоа е еден од најдобрите српски филмови на сите времиња.
„Немам замерки ни кон еден глумец, најтешко им било на оние што глумеле усташи. Мислам дека таа тема не е исцрпена“, истакна Шешељ додавајќи дека требало да се прикажат и масовните сцени.
Додаде и дека во Сребреница немало геноцид.
„Во Сребреница немаше геноцид, ниедна жена не била убиена“, кажа Шешељ.