Шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан стана претседател на Обединетите Арапски Емирати

Лидерите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) едногласно го именуваа шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан за претседател на наследно управуваната нација на Арапскиот Полуостров.

Фото: ЕПА

Државната новинска агенција ВАМ соопшти дека лидерите на седумте емирати во земјата ја донеле одлуката на состанокот одржан во палатата Ал Мушриф во Абу Даби.

Претходниот претседател Калифа бин Зајед Ал Нахајан почина вчера на 73-годишна возраст. Откако стана независна во 1971 година ова е трет пат земјата да прави транзиција на власта и да избира претседател.

Во 2004 година Калифа ја превзема функцијата од неговиот и таткото на Мухамед, шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан, еден месец по неговата смрт.

Брзината на објавата еден ден по смртта на Калифа, се чини дека е дизајнирана да покаже единство и да го увери светот во стабилноста на земјата производител на нафта и гас.

ВАМ го опиша гласањето како едногласно меѓу лидерите на седумте емирати, во кои е вклучен и Дубаи.

Обединетите Арапски Емирати одбележуваат тридневен период на жалост во чест на Калифа, со затворени бизниси низ целата земја и стопирани настапи. Сите електронски билборди го прикажуваа ликот на починатиот шеик во Дубаи во петокот вечерта додека знамињата се вееа на половина копје.

Мохамед беше како де факто владетел на ОАЕ по мозочниот удар на Калифа во 2014 година, поради што тој исчезна од очите на јавноста. Под негово водство ОАЕ зазедоа повеќе воено фокусиран пристап, приклучувајќи ѝ се на Саудиска Арабија во нејзината крвава долгогодишна војна во Јемен која сè уште беснее.

Мохамед беше сомничав кон Муслиманското братство и Иран, веројатно организирајќи кампања насочена кон исламистите во ОАЕ по Арапската пролет во 2011 година и го повика Западот да заземе поцврст став кон Техеран поради загриженоста за неговата нуклеарна програма и неговата поддршка на паравоените групи низ целиот регион.

Сепак, за време на пандемијата од корона вирусот Обединетите Арапски Емирати се обидоа да ги рехабилитираат врските со Иран и Турција, кои ги поддржаа исламистите во регионот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе