Шефовите на Пентагон: Сакаме да ја извлечеме сета можна поука од Авганистан

Највисоките функционери на Пентагон кажаа дека ќе „извлечат поука“ од војната во Авганистан, признавајќи дека чувствуваат „болка и гнев“ откако им ја предадоа земјата на талибанците кои дваесет години им беа непријатели.

EPA-EFE

„Ниедна операција не е совршена“, призна министерот за одбрана на САД Лојд Остин во првото јавно обраќање по завршувањето на хаотичната евакуација на 124.000 цивили од Кабул во ноќта меѓу понеделникот и вторникот.

„Сакаме да ја извлечеме сета можна поука од ова искуство“, додаде Остин, поранешен генерал кој се борел во Авганистан, откако им оддаде почит на 800.000 американски војници кои од 2001 учествувале во авганистанската војна во која загинаа 2.461 американски војници, меѓу кои 13 во последните часови на повлекувањето.

Шефот на генералштабот на американската војска, генералот Марк Мајли, кој исто така се борел во Авганистан, призна дека сите овие денови биле „емоционално исклучително тешки“.

„Сите нè растргнуваат болка, гнев, тага и жал од една страна и гордост и нескршливост од друга“, кажа тој.

„Ќе учиме од ова искуство. А она што нè доведе до тоа ќе го проучуваме со години“, додаде. „Ние, војниците, ќе пристапиме кон тоа понизно, искрено и отворено. Има многу тактички, оперативни и стратегиски поуки кои мораме да ги извлечеме“.

Остин призна дека војниците кои изгубиле соборци во Авганистан и семејствата на загинатите можеби тешко ќе го прифатат крајот на војната која почна во 2001 за да се урнат талибанците од власт.

„Знам дека ова ќе бидат тешки денови за многу од нас. Од авганистанските ветерани не треба да се очекува повеќе отколку од другите Американци. Слушнав деновиве различни мислења. Тоа е многу важно. Тоа е демократија“, кажа американскиот министер.

Генералот Мајли оцени дека е „можна“ евентуална соработка со талибанците во борбата со групата Исламска држава во покраината Хорасан (ИСИС-К) која ја презема одговорноста за нападот на кабулскиот аеродром на 28 август во кој загинаа стотина луѓе, меѓу кои 13 американски војници.

Војната почна на крајот на 2001 по нападите од 11 септември во кои за еден ден загинаа 2.977 луѓе. Нападите ги извршија џихадисти на Ал каеда, со база во Авганистан и заштита од талибанците.

Но она што требаше да биде само операција на одмазда прерасна во сеопфатен потфат за обнова на земјата за да се спречи враќање на талибанците на власт, што сепак се случи на 15 август.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе