Истакнаа дека „длабоко жалат“ поради мерката

Шефовите на дипломатиите на ЕУ побараа Косово веднаш да ги повлече царините против Србија и БиХ

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија денес во Луксембург побараа власта во Приштина „веднаш да ги суспендира“ царините од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, истакнувајќи дека со нив се кршат одредбите на договорот за регионална трговија ЦЕФТА, се поткопува регионалната соработка и „обврските и духот на Договорот за кооперација и асоцијација“ на ЕУ и Косово.

Министрите за надворешни работи на ЕУ истакнаа дека „длабоко жалат“ поради постапката на косовската влада и истакнаа дека „Приштина во рамките на дијалогот со Белград, со посредство на ЕУ, мора да направи суштински напори да придонесе кон создавањето услови што водат кон тоа, како и да се воздржи од каков било чин што може да биде сфатен како провокација“.

Советот на министри на ЕУ даде до знаење дека „сегашната состојба е неодржлива“ и дека затоа „дијалогот мора да се обнови што е можно побрзо“.

„Со сеопфатен правно обврзувачки договор мора да бидат решени сите отворени прашања во согласност со меѓународниот закон и случувањата и да се придонесе на регионалната стабилност“, се вели во заклучоците на министерскиот форум.

„Склучување таков договор без понатамошно одложување со посредување на високиот претставник на ЕУ е од суштинската важност за Косово и Србија да можат да напредуваат во своите соодветни рамки на европскиот пат“, се заклучува.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе