Кина ги отфрла обвинувањата

Шефот за надворешна политика на ЕУ бара независна истрага за потеклото на коронавирусот

Борел ја повикува Кина и да се вклучи повеќе во наоѓањето вакцина.

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, ја повика Кина да даде позначаен придонес во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Во колумната објавена денеска во Франкфуртер алгемајне цајтунг, Борел ја повика Кина повеќе да се ангажира во пронаоѓањето вакцина, закрепнувањето на глобалната економија и давањето помош на високозадолжените земји во развој, кои се најпогодени од кризата.

Тој исто така истакна дека е неопходно да се спроведе независна научна истрага за потеклото на пандемијата на коронавирус.

Пред десетина дена американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека има значителни докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан, а американскиот претседател Доналд Трамп тогаш рече дека е убеден дека вирусот потекнува од кинеска лабораторија.

Кина остро ги отфрли ваквите обвинувања, велејќи дека администрацијата на претседателот Трамп се обидува да го сврти вниманието од својата неспособност за соодветно справување со епидемијата на коронавирусот.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе