Шефот на украинската дипломатија по интервјуто на Лавров: Русија насетува пораз

Испораките на западно оружје на Украина значат дека НАТО пактот „е всушност вклучен во војната со Русија“, а Москва тоа оружје го смета за легитимна цел, кажа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју емитувано вчера.

EPA-EFE

„Тоа оружје е легитимна мета на руското воено дејствување во контекст на специјалната операција“, кажа Лавров за руската државна телевизија.

„Складиштата во западна Украина (руските сили) повеќе пати ги гаѓаа. Што друго?“, кажа Лавров. „НАТО, всушност, е ангажиран во војната со Русија преку посредник и го вооружува тој посредник. Војната е војна“.

Рускиот министер за надворешни работи му порача на светот дека не ги потценува значителните ризици од нуклеарен конфликт. На прашањето за важноста за избегнување трета светска војна и дали моменталната ситуација е споредлива со кубанската ракетна криза од 1962, Лавров кажа: „Ризиците сега се значителни“.

„Не би сакал вештачки да ги зголемувам тие ризици. Многумина би го сакале тоа. Опасноста е сериозна и реална. И не смееме да ја потцениме“, кажа тој.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба кажа дека смета дека руското ширење страв е знак на слабост. „Русија ја изгуби последната надеж дека ќе го одврати светот од поддршка на Украина“, напиша Кулеба на Твитер по интервјуто на Лавров.

„Тоа само значи дека Москва насетува пораз“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе