Шефот на тајна единица на руското ФСБ обвинет за поткуп од 850.000 долари

Шефот на мошне таинствена гранка на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) е обвинет за 850.000 долари мито три недели по неговото притворање, објави руската веб-страница РБК.

Полковникот Кирил Черкалин ја предводеше единицата за поддршка на финансиската контраразузнавачка служба на ФСБ. Одделот одигра клучна улога во истрагите околу поранешниот министер за економија, Алексеј Уљукаев, заменик-премиерот Михаил Абизов и браќата-магнати Зијавудин и Магомед Магомедови.

Черкалин во 2013-2015 добил 850.000 долари „за дела или за недејствување во корист на поткупувачот и трговските структури“, рече московскиот воен судија, пренесе РБК.

Черкалин беше отпуштен во 2013 година откако истражувачкиот весник „Новаја газета“ објави извештај во кој се открива неговиот огромен имот, чија цена е помеѓу 1 и 3 милиони евра, во едно италијанско одморалиште.

Двајца поранешни колеги на Черкалин, Дмитриј Фролов и Андреј Василев, исто така се уапсени под обвинение за измама.

Фролов и Васиљев, според РБК, се обвинети за крадење 490 милиони рубли (75,5 милиони долари) од бизнисмен што води судска битка со поранешниот заменик-градоначалник на Москва во 2011 година.

Апсењето на тројцата безбедносни офицери следува по апсењето на двајца други агенти на ФСБ за наводна шема за изнудување биткоини во вредност од еден милион американски долари во април.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе