Шефот на СЗО: Заканата од пандемија стана многу реална

Генералниот директор на Светската здравствена организација предупреди денес дека заканата од пандемија на новиот коронавирус стана „многу реална“.

Со вирусот во моментов се заразени над 110.000 луѓе во светот.

„Сега кога коронавирусот се рашири во бројни земји, заканата од пандемија стана многу реална. Меѓутоа, тоа ќе биде првата пандемија во историјата која ќе може да биде контролирана“, кажа шефот на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус на конференција за медиумите во Женева.

Тој додаде со смирувачки тон дека светот не е препуштен на милост и немилост на вирусот, бидејќи одлуките кои сите ќе ги донесат можат да влијаат на текот на епидемијата.

„Дури и ако тоа го наречеме пандемија, и понатаму можеме да ја контролираме“, повтори тој и додаде: „Треба да се потсетиме дека со брзо и решително дејствување можеме да го успориме коронавирусот и да спречиме нови инфекции“.

Тој истакна дека „повеќето заразени ќе оздрават“. Кажа дека повеќе од 70 отсто од заразените со новиот коронавирус во Кина оздравеле, и оцени дека Кина сега е на пат да ја совлада епидемијата.

„Од 80.000 случаи пријавени во Кина, над 70 отсто оздравеа“, кажа шефот на СЗО.

Директорот на СЗО ги повика земјите да не ги кренат рацете пред коронавирусот поради тврдењата дека главно ги погодува постарите луѓе, оценувајќи дека тоа би било одење по патот на „моралната декаденција“. „Секое човечко суштество е важно“, кажа тој.

Мајкл Рајан, директор на Програмата за итни прашања на СЗО кажа дека за разлика од грипот коронавирусот не може да се потисне, туку дека може да се успори. Тој изрази надеж дека мерките на карантин кои ги воведе Италија ќе овозможат да се успори епидемијата и ќе им дозволи на другите земји подобро да се подготват.

„Не сум загрижен поради зборот пандемија, туку повеќе ме загрижува реакцијата на светот“, додаде Рајан и го повика светот да се бори против коронавирусот.

Светската здравствена организација засега одбива да ја опише кризата со коронавирусот како пандемија, истакнувајќи дека зборот пандемија може да го уплаши светот и да некои земји да изгубат надеж за сузбивање на вирусот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе