Шефот на Светска банка: Работиме на стандардизирање на договорите за набавка на вакцини

Светска банка работи на стандардизирање на договорите за вакцини против ковид-19 што земјите ги потпишуваат со производителите и бара од фармацевтските компании да бидат поотворени за прашањата во кои земји се испраќаат дозите, рече вчера претседателот на меѓународната институција.

Фото: ЕПА

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас за Ројтерс изјави дека таа работи за повеќе вакцини да се испорачаат во сиромашните земји, истакнувајќи дека администрацијата одобрила 1,6 милијарди долари за вакцини во 12 земји, вклучувајќи ги Филипините, Бангладеш, Тунис и Етиопија, до крајот на март, по што со програма вредна 12 милијарди долари ќе се опфатат уште 30 земји.

Покрај тоа што им помага на сиромашните да купуваат вакцини, Светска банка работи и на стандардизација на договорите меѓу земјите и производителите.

Приватниот огранок на банката, Меѓународната финансиска корпорација, ќе инвестира 4 милијарди долари во проширување на постојните или изградба на нови капацитети за производство на вакцини, вклучително и во земјите во развој, но потребни се повеќе информации за тоа кон кои земји е насочено тековното производство.

Средствата на Светска банка можат да се користат за проширување на погоните и во развиените земји, доколку производството е наменето за земјите во развој, објасни Малпас.

Тој го поздрави ветувањето на групата од седумте најбогати земји во светот да ја засилат соработката во сузбивањето на пандемијата и изрази надеж дека испораката на вакцини до сиромашните ќе биде забрзана.

Според последното издание на „Нашиот свет во податоци“, Израел предводи во борбата против ковид-19. Во таа земја, 82 од 100 лица се вакцинирани, додека Индија и Бангладеш вакцинирале помалку од 1 од 100 лица. Бројни африкански земји сè уште не започнале да го вакцинираат населението.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе