Шефот на Шел: Европа тешко ќе го надомести рускиот гас

Светот е на праг на „турбулентен период" поради сè пониските резерви на течен гас и нафта со што се влошува глобалната енергетска криза, предупреди лидерот на британско-холандската компанија Шел Бен ван Берден, оценувајќи дека на Европа ќе ѝ биде тешко да го надомести рускиот гас, пишува Блумберг.

Фото: ЕПА

Светот се соочува со недостиг на природен гас поради прекините на испораките од Русија до САД и силната побарувачка за енергенти, додека економиите закрепнуваат од пандемијата на коронавирусот, пишува Блумберг.

Во меѓувреме, Москва ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 во услови на зголемени тензии поради руската инвазија на Украина, а европските влади почнаа да се подготвуваат за целосно прекинување на испораките од Русија, додава американската агенција.

Европа се обидува да пронајде замена за рускиот гас и ги разгледува опциите за зголемен увоз на течен гас. Шефот на Шел забележува дека Европа увезува третина од гасот од Русија преку гасоводот Северен тек 1.

„Во Европа ќе пристигнат уште пратки на ЛНГ, но дали ќе пристигнат доволно нови пратки за да се надокнади недостатокот? Мислам дека не“, рече Берден на митингот во Сингапур.

Европа би можела да извлече дополнителни дури 50 милијарди кубни метри гас годишно од контроверзното гасно поле Гронинген во Холандија, но тоа би била последната опција за холандската влада, рече Берден. Производството на ова поле со години е ограничено бидејќи предизвикува потреси.

„Резервните капацитети се многу ниски“, предупреди шефот на Шел, „а побарувачката сè уште се опоравува“.

„Кога тоа ќе се земе во предвид, како и неизвесноста поради војната во Украина и санкциите кои би можеле да произлезат од неа, големи се шансите да ни претстои турбулентен период“, заклучи Берден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе