„Во нуклеарна војна земјите на НАТО би ги уништиле за половина час. Но не смееме тоа да го дозволиме, бидејќи последиците од размената на нуклеарни удари би влијаеле врз состојбата на нашата земја“, напиша Рогозин.
„НАТО води војна против нас. Не го објави тоа, но тоа ништо не менува. Сега тоа на сите им е јасно. Украинските национални сили и оружените сили на Украина се потрошен материјал, топовско месо за НАТО, тие се само марионети кои ги обучиле инструктори на НАТО и кои ги притискаат копчињата на оружјето на НАТО“, додаде тој.
Рогозин смета дека „специјалната воена операција“ далеку ја надминала својата изворна смисла и географија и ја нарече „војна за вистината и правото на Русија на постоење како единствена и независна држава“.
Порача дека да се порази економски и воено помоќниот непријател со конвенционални оружени средства е можно само со целосна солидарност на целата земја со војската, како и со мобилизација на државната економија и трансфер на воено-индустрискиот комплекс и сродните индустриски сектори на Русија на воена основа.
„И тоа мора да се направи веднаш и брзо“, заклучи Рогозин.