Шефот на републиканците во Сенатот: Трамп ја поттикна толпата да упадне во Конгресот

Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат Мич Меконел го обвини денес претседателот Доналд Трамп, колега републиканец, дека ги предизвика немирите на 6 јануари кога толпа негови поддржувачи упаднаа во Капитол.

EPA-EFE

„Толпата беше хранета со лаги. Ја испровоцираа претседателот и други моќни луѓе“, кажа Меконел во говор во Сенатот.

Американскиот Претставнички дом минатата среда по втор пат гласаше за отповикување на Доналд Трамп. Сенатот допрва треба да го одреди датумот за процесот со кој ќе се потврди или отфрли отповикувањето.

Меконел минатата недела кажа дека ќе ги слушне аргументите за време на судењето во Сенатот пред да реши дали треба да се отповика американскиот претседател поради поттикнување на бунтот кој резултираше со опсада на седиштето на американската демократија.

Демократскиот лидер во Сенатот Чак Шумер, кој треба да стане нов лидер на мнозинството во следните денови, откако демократите победија на изборите за Сенатот во Џорџија, во тоа тело кажа дека Трамп е „закана за уставниот поредок, без оглед дали е на власт или не“.

Шумер додаде дека, ако Трамп биде отповикан, Сенатот ќе гласа за тоа да му биде забрането повторно кандидирање за претседател.

Поддржувачите на Трамп на 6 јануари упаднаа во Капитол во кој траеше потврдувањето на изборната победа на Џо Бајден, чија инаугурација е утре.

Седницата беше одложена неколку часа, а во насилниот упад во Капитол животите ги изгубија пет луѓе, вклучувајќи еден полицаец.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе