Шефот на Пентагон: САД ја „отстранија можноста“ од ирански „напади против Американци“

Потегот на Соединетите Американски Држави со кој го зголемија своето воено присуство во Арапскиот Залив ни овозможи отстранување на опасноста од ирански напади врз Американци, изјави шефот на Пентагон Патрик Шенахен.

„Во период сме на висок ризик и нашата задача е да спремине лоши ирански потези“, додаде привремениот американски министер за одбрана кој денес треба да ги информира зад затворени врати американските парламентарци за актуелните тензии меѓу САД и Иран.

Шенахен ја истакна сериозноста на информациите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп како оправдување за испраќањето на носачот на авиони, бомбардери Б-52 и ракетните системи „патриот“ на Блискиот Исток.

„Разговаравме за нападите и имаше напади“, кажа тој зборувајќи за неодамнешните саботажи на четирите танкери за нафта во Заливот. „Сакам да ја истакнам веродостојноста на информациите. Нашите мерки беа внимателни и ја отстранивме можноста од напади врз Американци“.

На прашањето за изјавите на претседателот Трамп кој синоќа ги ублажи изјавите за заканата што ја претставува Иран, Шенахен одговори дека „опасност постои и се држи под контрола“.

„Тоа не значи дека ги снема заканите кои ги утврдивме. Нашиот одговор е претпазлив и им даде на Иранците време да размислат“, кажа тој.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон дополнително се интензивираа откако администрацијата на Трамп ја вклучи иранската Револуционерна гарда на црната листа на „терористички организации“ и ги зајакна санкции против Иран.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе