Итна седница на Советот за безбедност

Шефот на ООН: Судирот во Израел може да има разорни последици за целиот регион

Судирите на Блискиот Исток мора да престанат веднаш затоа што постои ризик од „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза“ во регионот, предупреди денеска генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, отворајќи ја итната седница на Советот за безбедност.

Фото: ЕПА

„Масакрот продолжи и денес. Овој безумен циклус на крвопролевање, терор и уништување мора веднаш да заврши“, рече тој на видеоконференцијата.

Според дипломатите, преговорите за декларацијата на Советот за безбедност се во тек, но поддршката на САД за текстот сè уште е неизвесна.

„Судирите мора да престанат веднаш. Ракетите и гранатите од едната страна и воздушните бомбардирања и артилерискиот оган од другата страна мора да престанат“, нагласи Антонио Гутереш.

„Конфликтите можат да ги втурнат Израелците и Палестинците во спирала на насилство со разорни последици за двете заедници и за целиот регион“, продолжи тој.

Конфликтот има „потенцијал да предизвика неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза и дополнително да го поттикне екстремизмот, не само во окупираните палестински територии и во Израел, туку и во целиот регион“, додаде тој.

Израелската армија во неделата во воздушни напади врз Газа изутрина уби 33 Палестинци, од кои тринаесет деца, соопштија здравствените власти во појасот Газа, додека на седмиот ден од борбите од Газа кон Израел беа испукувани ракети.

Од почетокот на конфликтот во понеделникот во Газа, убиени се 181 лице, од кои 52 деца.

Израел објави дека се убиени 10 негови државјани, вклучувајќи и две деца.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе