Гутереш ги повика и другите земји, главно на западот, да го забрзаат отстранувањето на пречките што го блокираат рускиот извоз на жито и вештачки ѓубрива, пренесе агенцијата Франс прес.
Портпаролот на шефот на ОН во петокот рече дека Гутереш ја истакнал итноста на обновувањето на договорот за „да придонесе за безбедноста на храната низ целиот свет“.
Договорот меѓу Украина и Русија, главните светски снабдувачи со жито, беше постигнат од ОН и Турција во јули и истекува на 19 ноември.
Рускиот амбасадор во ОН во средата изјави дека пред Москва евентуално да се согласи да го обнови договорот, на Русија треба да ѝ се дозволи да ги извезува своите жита и ѓубрива на светскиот пазар, „што никогаш не се случило од почетокот на договорот“. Тој додаде дека Русија се соочува со голем број проблеми за да го реализира својот извоз.
Гутереш рече дека обновувањето на украинскиот извоз на жито од три пристаништа на Црно Море „значително придонесе за намалување на цените на пченицата и другите стоки“.