Генералниот секретар на ОН оди во Турција пред посетата на Москва и Киев

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ќе ја посети Анкара пред да замине за Москва следната недела за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа во Украина на разговори со претседателот Володимир Зеленски, се вели во соопштение на ОН, според Ројтерс.

Фото: ЕПА

Во понеделник Гутереш ќе ја посети турската престолнина, каде што ќе биде примен од претседателот Таип Ердоган, се вели во соопштението. Мартин Грифитс, специјален претставник на ОН на 18 април рече дека Турција е вреден домаќин за хуманитарните разговори меѓу Украина и Русија.

Портпаролката на шефот на ОН, Ери Канеко на брифинг со новинарите во петокот рече дека Гутереш ќе замине за Москва во вторник и ќе се сретне со Путин, како ѝ дека ќе има работна средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, надевајќи сѐ дека ќе разговара за тоа што може да се направи за да се донесе мир за Украина.

Обединетите нации, исто така, во петокот соопштија дека Гутереш ќе се сретне со Зеленски во четврток, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба и персоналот во агенциите на ОН за да разговараат за зголемување на хуманитарната помош.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе