Шефот на ОН ги повика САД да ги укинат санкциите против Иран

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја повика администрацијата на Џо Бајден да ги укине санкциите кон Иран, кои беа наметнати под изговор на спречување на развојот на нуклеарно оружје, и да се врати на правилата на договорот од 2015.

EPA-EFE

Гутереш во својот извештај до Советот за безбедност на ОН ги повика САД да ги прошират и обноват обврските кои преземаа околу трговијата на нафта со Иран и спречувањето на ширењето на нуклеарното оружје.

„Апелирам до САД да ги укинат или да се откажат од санкциите“, кажа Гутереш и го повика Иран да се врати на целосно спроведување на договорот од 2015.

Апелот на Гутереш доаѓа среде расправата за обнова на договорот од 2015, познат како Заеднички сеопфатен акциски план, со кој Иран прифати ограничувања на својата нуклеарна програма во замена за укинување на голем број меѓународни санкции.

Советот за безбедност денес разговараше за двегодишниот извештај на Гутереш за имплементација на одлуката од 2015, односно за нуклеарниот договор меѓу Иран, САД, Франција, Британија, Германија, Русија и Кина.

„Последните неколку разговори во Виена помогнаа да ги искристализираат одлуките кои мора да бидат донесени од страна на Иран и од страна на САД за да е постигне заемно почитување на склучениот договор“, порача заменик американскиот амбасадор во ЕУ Џефри Делаурентис.

Амбасадорот на ЕУ во ОН Олоф Ског кажа дека Унијата, која ги координира преговорите во Виена, е охрабрена од тоа што САД „покажаа спремност“ да ги укинат санкциите врзани со прашањето на нуклеарниот договор.

Ског предупреди и дека времето истекува и дека е потребно веднаш да се дејствува. „Јасно е дека времето не е на наша страна и дека тоа што е можно да се направи денес можеби нема да може да се направи во блиска иднина. Имаме ограничен простор за дипломатско дејствува и не би смееле да ја пропуштиме приликата“, кажа Ског.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор во 2018 година и повторно наметна остри санкции по што Иран од 2019 почна да крши некои од договорените ограничувања.

Иран активно работи на својата нуклеарна програма, но тврди дека станува збор за цивилни проекти и дека е спремен да прекине со тие активности ако САД ги укинат санкциите и се вратат на почитувањето на договорот од 2015.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе