Наследство од Студената војна

Шефот на ОН е загрижен поради можноста нуклеарниот „ковчег“ да протекува во Пацификот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денес изрази загриженост поради можноста, бетонската купола изградена минатиот век за да ги задржи отпадоците од тестирањата на атомска бомба, да пропушта радиоактивен материјал во Пацификот.

Во своето обраќање до студентите на Фиџи, Гутереш ја опиша структурата на атолот Еневетак во Маршалските Острови како „еден вид ковчег“ и рече дека е наследство од нуклеарните тестови во Пацификот од Студената војна.

„Пацификот беше жртва во минатото, како што сите знаеме“, рече тој, мислејќи на нуклеарните експлозии извршени во регионот од страна на САД и Франција, пренесе АФП.

Во Маршалските Острови, бројни островјани биле насилно евакуирани од земјата на нивните предци и биле преселени, додека илјадници други биле изложени на радијација.

Островската нација била основа за 67 американски тестови за нуклеарно оружје од 1946-58 во Бикини и атолот Еневетак, кога бил под американска администрација.

Тестовите ја вклучуваа водородната бомба Браво од 1954 година, најмоќната досега детонирана од страна на САД, околу 1.000 пати поголема од атомската бомба фрлена на Хирошима.

Гутереш, кој е на турнеја низ Јужниот Пацифик за да ја подигне свеста за проблемите со климатските промени, вели дека жителите на пацифичките острови сè уште имаат потреба од помош во справувањето со последиците од нуклеарните тестови.

„Последиците беа доста драматични, во однос на здравјето, во однос на труењето на водите во некои области“, рече тој.

„Штотуку бев со претседателката на Маршалските Острови (Хилда Хајне), која е многу загрижена поради опасноста од протекување на радиоактивни материјали кои се задржани во еден вид ковчег во областа“.

„Ковчегот“ е бетонска купола, изградена кон крајот на 1970-тите години на островот Рунит, дел од атолот Еневетак, како депонија за отпадот од нуклеарните тестови.

Радиоактивната почва и пепелта од експлозиите се сместени во кратерот и покриени со бетонска купола дебела 45 сантиметри.

Сепак, тоа било предвидено само како привремено решение, со тоа што дното на кратерот никогаш не било покриено што доведува до стравувања дека отпадот протекува во Пацификот.

Исто така на бетонот стар неколку децении се појавиле пукнатини и се стравува дека може да се распука ако биде погоден од тропски циклон.

Гутереш директно не се осврна на она што треба да се направи со куполата, но рече дека нуклеарната историја на Пацификот сè уште треба да се разгледа.

„Многу нешта треба да се направат во врска со експлозиите што се случија во Француска Полинезија и Маршалските Острови“, рече тој.

„Поврзано со здравствени последици, влијанието врз заедниците и други аспекти“.

„Се разбира, постојат прашања за компензација и механизми за да се овозможи овие влијанија да се минимизираат“ рече тој.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе