Шефот на ОН: Анексиите немаат место во современиот свет

Анексијата на украинските региони кон Русија, што треба да заврши утре, нема место во современиот свет, смета генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе иницира официјална анексија на 15 отсто од украинската територија и ќе претседава со церемонијата на потпишување на договорот за припојување на четири украински региони кон Русија.

„Секоја одлука да се продолжи со анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје не треба да има правна вредност и заслужува осуда“, рече Гутереш.

„Тоа е против сето она за кое треба да се залага меѓународната заедница. Ги изневерува целите и принципите на Обединетите нации. Тоа е опасна ескалација и нема место во современиот свет. Не смее да се прифати“, додаде Гутереш.

Гутереш рече дека секоја анексија на територија на некоја земја со употреба на сила ги крши Повелбата на ОН и меѓународното право.

Тој рече дека референдумите што ги одржа Русија во окупираните региони се одржани среде војна под руска вооружена окупација и надвор од уставната рамка на Украина.

„Тие не можат да се наречат вистински израз на волјата на народот“, рече тој.

„Руската Федерација, како една од петте постојани членки на Советот за безбедност, дели посебна одговорност да ја почитува Повелбата“, додаде тој.

Тој нагласи дека секоја руска одлука да продолжи во таа насока дополнително ќе ги загрози изгледите за мир. Ова ќе ги продолжи драматичните влијанија врз глобалната економија, особено на земјите во развој, и ќе ја попречи способноста на ОН да испорача итна помош за Украина и пошироко.

„Крајно време е да се повлечеме од бездната“, заклучи Гутереш.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе