Шефот на НАТО: Уништувањето што го гледаме во Украина не е видено од Втората светска војна

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека воената алијанса „не може да биде рамнодушна кон агресијата што Русија ја спроведува во Украина".

Фото: ЕПА

„Гледаме напади врз цивили и уништување што не е видено од Втората светска војна“, рече Столтенберг денеска во Норвешка.

Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина во својата борба против Русија, но призна и дека оваа поддршка има своја цена, пишува Гардијан.

„Ја плаќаме цената за поддршката на Украина. Плаќаме за воена, хуманитарна и финансиска поддршка, за санкциите кои доведоа до инфлација и повисоки цени во нашите земји“, рече шефот на НАТО.

„Но запомнете, цената што ја плаќаме може да се мери во пари. Цената што ја плаќа Украина се мери со човечки животи. Таа секој ден има на стотици убиени или повредени“, додаде тој.

„Светот во кој Путин го добива она што го сака преку воена сила е поопасен свет и за нас. Ако Русија победи во оваа војна, ќе има потврда дека насилството функционира. Тогаш другите соседни земји би можеле да бидат следни“, заклучи Столтенберг.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе