„Живееме во не само поопасен туку и во понепредвидлив свет. Живееме во свет во кој во тек е војна во Европа и тоа со воени операции од значителни размери“, кажа Столтенберг.
„Воедно знаеме и дека ситуацијата може да се влоши ако ова се претвори во тотална војна меѓу Русија и НАТО. Во тој случај ќе видиме смрт и уништување на ниво кое е многу, многу полошо од она што го гледаме во Украина“, заклучи Столтенберг.