„Војната би можела да трае многу долго“

Шефот на НАТО: Нема назнаки дека Путин го сменил планот да ја освои цела Украина (ВИДЕО)

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им се обрати на новинарите во Брисел, каде денес се сретнуваат министрите за надворешни работи на членките на воениот пакт.

EPA-EFE

„Не гледаме никакви назнаки дека рускиот претседател (Владимир) Путин го сменил својот план за контрола на цела Украина и за промена на меѓународниот поредок“, кажа Столтенберг.

Додаде дека НАТО мора да ја поддржи Украина, да ги одржи санкциите против Русија и да ја зајакне својата одбрана и средствата за одвраќање.

Истакна дека војната би можела да трае долго и дека светот би требало да се подготви за тоа.

Министрите за надворешни работи на 30 земји членки на НАТО ќе разговараат денес и утре за понатамошната помош на Украина. Тие ќе разговараат за испраќање противтенковски оружја, противвоздушни системи, кибернетичка помош и опрема за заптита од хемиски и биолошки закани.

Утре ќе им се придружи шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба кој ќе ги информира за најновиот развој на настаните, вклучувајќи ги преговорите меѓу Киев и Москва.

На состанокот ќе учествуваат и Финска, Шведска, Грузија и Европската Унија, како и партнерите од азиско-пацифичкиот регион Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја. Столтенберг повтори дека НАТО е спремен да ги прими Финска и Шведска во членството ако тие побараат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе