Шефот на НАТО: Мораме да бидеме спремни ако Русија се одлучи за конфликт (ВИДЕО)

Постојат значителни разлики меѓу НАТО и Русија кои нема да биде лесно да се надминат, но двете страни изразија спремност за продолжување на дијалогот, изјави денес генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по состанокот на Советот НАТО-Русија, кој е прв по јули 2019.

EPA-EFE

„Ова не беше лесен состанок. Разговаравме за состојбата во Украина и утврдивме дека постојат значителни разлики меѓу НАТО и Русија во поглед на безбедноста во Европа, кои нема лесно да се надминат“, кажа Столтенберг на конференцијата за медиуми.

Тој кажа дека Алијансата ѝ предложила на Русија низа состаноци на кои би се разговарало за отворените безбедносни прашања, како контролата на вооружувањето и распоредувањето ракети, и дека руските претставници не можеле да дадат директен договор на тој предлог пред да го проучат.

Амбасадорите на 30 членки на НАТО разговараа во седиштето на НАТО во Брисел со руската делегација предвидена од заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко за да се обидат да се намалат тензиите поради руските трупи на границата на Украина и ширењето на НАТО во близина на руските граници.

Столтенберг предупреди дека руска инвазија на Украина би била голема грешка.

„Ние мораме да бидеме спремни ако Русија се одлучи за конфликт, за што имаме примери во минатото. Би била тоа стратегиска грешка која би имала тешки последици“, кажа Столтенберг.

Додаде дека НАТО би можел да распореди дополнителни сили на своето источно крило ако Русија ја нападне Украина.

„Ако Русија уште еднаш употреби сила против Украина, тогаш ќе мораме сериозно да ја разгледаме потребата за понатамошно јакнење на нашето присуство во источниот дел на нашиот Сојуз“, кажа шефот на НАТО.

На прашањето постои ли опасност од оружен судир во Европа, Столтенберг одговори дека „постои реален ризик од нов оружен судир, но дека НАТО ќе направи сè што може да го спречи“.

Кажа дека Русија на состанокот зборувала за своите предлози кои првпат ги изнесе минатиот месец, во кои од НАТО бара да се обврзе дека нема да прима нови членки и дека ќе повлече дел од своите сили од источните членки.

Повтори дека тие предлози се неприфатливи бидејќи со тоа на некои држави би им се одзело правото самите да одлучат во какви безбедносни аранжмани сакаат да бидат.

„Сите сојузници во НАТО ја поддржуваат политиката на отворени врати, која е запишана во бројни наши документи. Русија нема право на вето на примање нови членки и нема да правиме компромиси во поглед на сувереноста на европските земји“, кажа Столтенберг.

Додаде дека Русија има свои војници распоредени во Украина, Молдавија и Грузија, каде дошле неповикани, каде не се добредојдени и ги повика на повлекување.

Додаде дека повторното отворање на постојана руска мисија при НАТО и канцеларија на НАТО во Москва би ги олеснило подготовките за продолжување на дијалогот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе