Шефот на НАТО: Јасна ни е загриженоста на Турција, ја сфаќаме сериозно

Загриженоста на Турција за сопствената безбедност е легитимна, изјави во Хелсинки генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг коментирајќи го противењето на официјална Анкара за членството на Финска и Шведска во алијансата.

Фото: ЕПА

Столтенберг на прес-конференција со финскиот претседател Саули Ниинисто рече дека ниту една друга членка на НАТО не доживеала толку терористички напади како Турција и дека нејзината загриженост, како важна членка на алијансата, треба да се сфати сериозно.

„Кога вреден сојузник изразува загриженост за тероризам, ние го сфаќаме сериозно“, рече Норвежанецот. Двајцата лидери рекоа дека работат со Турција за да ги решат сите разлики меѓу трите страни. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини Стокхолм и Хелсинки дека прифаќаат „терористи“ на Работничка партија на Курдистан (ПКК).

Финскиот претседател рече дека неговата земја „не ги третира“ членовите на ПКК поинаку од сегашните членки на НАТО и дека затоа е тешко да се разбере што очекува Турција од Хелсинки, но дека ќе продолжат да зборуваат за тоа.

Ниинисто влезот на двете земји во НАТО го нарече историски настан за Финска, но и за нордиските земји. Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, загрижени за својата безбедност по руската агресија врз Украина.

Столтенберг во понеделник ќе допатува во Шведска за да разговара со премиерката Магдалена Андерсон, десетина дена пред самитот на НАТО во Мадрид на 29 јуни, на кој се поканети двете земји кандидати.

Запрашан од новинарите да го објасни забавувањето имајќи предвид дека по поднесувањето на кандидатурите на двете земји се зборуваше за забрзан процес, Столтенберг рече дека самитот во Мадрид никогаш не бил споменат како настан на кој ќе бидат одобрени апликациите од Финска и Шведска.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе