Шефот на НАТО ги критикуваше земјите кои сакаат да создадат нови воени сојузи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги критикуваше во Вашингтон земјите кои сакаат да ја зајакнат европската одбрана и истакна дека формирањето „конкурентни“ структури на НАТО може да доведе до слабеење и поделба на Северноатлантскиот сојуз.

EPA-EFE

За време на состанокот на Европската Унија во Словенија на Столтенберг на конференција на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон му беше поставено прашање за последиците од договорот Аукус меѓу САД, Австралија и Британија врз трансатлантските односи.

„Разбирам дека Франција е разочарана“ бидејќи Канбера по Аукус го раскина мега-договорот за купување француски подморници, кажа тој. „Истовремено, сојузниците се сложни околу нашата главна цел дека мораме да останеме обединети“.

„Но не верувам во напорите за создавање нешто надвор од рамките на НАТО што би му конкурирало или би го заменило НАТО“, додаде тој.

Норвежанецот Столтеберг во пораката до 27-те шефови на држави и влади собрани на Брдо кај Крањ истакна дека 80 отсто од потрошувачката за одбраната на НАТО обезбедуваат земји кои не се членки на ЕУ. „Тоа се секако Соединетите Држави, но и други сојузници“, истакна тој.

„Но и географијата е важна, Турција на југот, Норвешка и Исланд на северот и Соединетите Држави, Канада и Британија на западот. Ако ја погледнете мапата, тие се важни за заштитата на цела Европа“.

„Секој обид за слабеење на трансатлантските врски со создавање алтернативни структури, зборувајќи дека можеме самите да се снајдеме, не само што ќе го ослаби НАТО, туку и ќе ја подели Европа“, предупреди Столтенберг.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе