Мур наведува дека Западот треба да обрне внимание на заканите од квантниот инженеринг, огромните складишта на податоци и напредокот во развојот на компјутерите, пренесува Ројтерс.
„Нашите противници вложуваат пари и амбиции во усовршување на вештачката интелигенција, квантните компјутери, синтетичката биологија, бидејќи знаат дека совладувањето на таа технологија ќе им даде предност“, тврди Мур, кој минатата година стана шеф на МИ6.
Според Мур, технолошкиот напредок во следната деценија би можел да го надмине напредокот постигнат во претходните 100 години.
„Како општество мора да го прифатиме овој факт и неговото можно влијание врз светската геополитика“, рече Мур.