Шефот на МИ6: Вештачката интелигенција ќе донесе револуционерни промени во геополитиката

Шефот на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, изјави дека Кина и Русија работат на усовршување на вештачката интелигенција на начин што може да доведе до револуционерни промени во геополитиката во следните неколку децении.

Фото: ЕПА

Мур наведува дека Западот треба да обрне внимание на заканите од квантниот инженеринг, огромните складишта на податоци и напредокот во развојот на компјутерите, пренесува Ројтерс.

„Нашите противници вложуваат пари и амбиции во усовршување на вештачката интелигенција, квантните компјутери, синтетичката биологија, бидејќи знаат дека совладувањето на таа технологија ќе им даде предност“, тврди Мур, кој минатата година стана шеф на МИ6.

Според Мур, технолошкиот напредок во следната деценија би можел да го надмине напредокот постигнат во претходните 100 години.

„Како општество мора да го прифатиме овој факт и неговото можно влијание врз светската геополитика“, рече Мур.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе