Полицијата трага по напаѓачите

Шефот на мафијашкото семејство Гамбино убиен пред својата куќа во Њујорк (ВИДЕО)

Првиот човек на мафијашкото семејство Гамбино, Френк Кали, е убиен пред својата куќа во Њујорк, соопшти американската полиција.

Непознати лица пукале синоќа во 53-годишниот Кали пред неговата куќа на Стетн ајленд. Кали умрел во болница од последици на ранувањето, пренесува Би-би-си.

Очевидци кажале дека напаѓачите избегале од лице место во син автомобил. Полициската истрага е во тек.

Станува збор за прво ликвидирање на некој мафијашки бос во Њујорк од 1985 година.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе