Нуклеарната централа е „целосно надвор од контрола“

Шефот на МААЕ: Дозволете ми да ја посетам нуклеарната централа за да го проценам нивото на опасност

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повторно апелираше за пристап до украинската нуклеарна електрана, која сега е под контрола на руските сили, за да се утврди дали таа претставува одредена закана.

Фото: ЕПА

„Контактот со најголемата европска нуклеарна електрана, лоцирана во Запорожје и која е управувана од украински техничари, не е стабилен и не функционира на дневна основа“, изјави Рафаел Гроси за швајцарскиот весник „Тагес-Анзајгер“.

„Не можеме да си дозволиме несоодветна комуникација со објектот во безбедносно критичните области. Свесни сме за наводите дека во објектот се складира боева муниција и дека се одвиваат напади врз електраната“, рече тој.

„Да бидам искрен, ако немам пристап, не можам да го одредам степенот на опасност. Постојат контрадикторности меѓу извештаите од руската и украинската страна. Добивам информации, ги  наведувам во извештаите, но никако не можам да одредам дали одговараат на фактите“, рече Гроси, како што пренесува „Гардијан“.

Русија соопшти дека ѝ понудила на МААЕ да го посети објектот, но дека Украина одбива да дозволи соработка. Од друга страна, Украина не сака да ја легитимира руската окупација на објектот.

Гроси рече дека засега не гледа конфликтните страни да се подготвени да постигнат каков било конкретен договор.

Гроси вчера упати драматично предупредување во врска со најголемата европска електрана Запорожје, наведувајќи дека нуклеарната централа е „целосно надвор од контрола“.

Ситуацијата таму станува сè поопасна секој ден, рече тој и ги повика Русија и Украина да дозволат експерти да го посетат комплексот за да се спречи нуклеарна несреќа.

„Секој принцип на нуклеарна безбедност е прекршен“, рече тој. „Заканата е исклучително сериозна и опасна“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе