Така, Ли Жаншу стана највисокиот кинески функционер што ја посетил Русија од почетокот на војната во Украина.
Ли, претседател на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, од среда до 17 септември ќе престојува во официјална посета на Русија, Монголија, Непал и Јужна Кореја, јавува Синхуа.
За време на неговиот престој во Русија, тој ќе учествува на четиридневен форум, кој треба да почне в понеделник, се вели во соопштението.
Ли, кој моментално е рангиран на третото место во кинеската Комунистичка партија, треба да се повлече од својата партиска позиција на партискиот конгрес следниот месец, но ќе ја задржи пратеничката функција до март.
Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин најавија стратегиско партнерство „без граници“ во февруари, пред Русија да ја нападне Украина во, како што рече Путин, „специјална воена операција“.