Шефот на кинеската дипломатија со Вучиќ: Ќе продолжиме цврсто да го поддржуваме суверенитетот на Србија (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна денес со шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји. Двајцата државници потоа претседаваа со состанокот на двете делегации.

EPA-EFE

Вучиќ изјави дека пријателството на Србија и Кина е „искрено и големо“ и додаде дека „не е чудно што често се нарекува челично пријателство“.

„Благодарам на поддршката на територијалниот интегритет на Србија токму на оној начин на кој Србија ја поддржува политиката на една Кина“, кажа Вучиќ по средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ји.

Српскиот претседател се заблагодари на можноста Србија да учествува во кинеската иницијатива Појас и пат.

„Ги поддржуваме мудрите зборови на претседателот на Кина Си Џинпинг на последната седница на Обединетите нации и неговите иницијативи за глобален развој“, истакна Вучиќ.

„Ние немаме отворени прашања во сферата на мултилатералните односи“, истакна претседателот на Србија и наведе дека двете земји одлично соработуваат во меѓународните институции.

Кинескиот министер му пренесе срдечни поздрави од претседателот на Кина Си Џинпинг на Вучиќ. Ји истакна дека кинескиот претседател многу го цени големото пријателство кое го има со Вучиќ.

„Претседателот Си многу го вреднува длабокото пријателство кое го воспостави со вас лично и цврстата меѓусебна доверба. Развојот на нашите односи е базиран на рамноправноста и меѓусебното почитување и заедничките интереси“, наведе тој.

„Заедно имаме одговорност за мирот и стабилноста, и во регионот и во светот. Горди сме на развојот на нашите односи“, истакна кинескиот министер.

Ји кажа дека му било задоволство да ја посети „убавата Србија“.

„Денес Србија е посебно место. Кинезите имаат емотивна врска со Србија. Кинезите знаат дека Србија има исклучителен лидер, кој се труди цврсто да ги зачува достоинството и територијалниот интегритет на Србија, а тоа е Вучиќ“, истакна шефот на кинеската дипломатија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе