Шефот на кинеската дипломатија ги прозва САД за ширење лаги за Хуавеј

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги нарече лаги американските оценки дека Кина сака да стане царство и дека за остварување на надворешнополитичките цели се служи со технолошката компанија Хуавеј.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на безбедносната конференција во Минхен кажа дека Кина, Русија и Иран „сакаат да станат царства“ и дека го користат сајберпросторот за ширење на своето влијание.

„Сите тие обвинувања против Кина се лаги и не се засновани врз вистината“, кажа Ванг пред политичарите и дипломатите од целиот свет.

„Но, ако ја префрлиме темата на лагите од Кина на Америка, тогаш тие лаги можат да станат вистина“, додаде тој.

Помпео кажа дека Хуавеј и останатите кинески технолошки компании се „ројански коњ за кинеска шпионажа“, а американскиот министер за одбрана Марк Еспер го обвини Пекинг дека преку компаниите спроведува „валкана стратегија“.

Кинески Хуавеј, глобален џин за производство на опрема за телекомуникациски мрежи, е во центарот на меѓународна политичка бура бидејќи САД се обидуваат да ги убедат другите земји да ѝ забранат на компанијата да учествува во воведувањето на мобилната мрежа 5Г.

Вашингтон тврди дека технологијата на Хуавеј може да ја отвори вратата за кинеско шпионирање, обвинувања кои Хуавеј и Пекинг ги отфрлаат.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе