Шефот на кинеската дипломатија ги повика САД да ги укинат санкциите и царините за Кина

Кинескиот министер за надворешни работи во понеделникот го повика американскиот претседател Џо Бајден да ги укине санкциите и царините што на Кина ѝ ги наметна неговиот претходник Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Пекинг се надева дека Соединетите Држави ќе ја променат тактиката „што е можно поскоро“ и „ќе се откажат од неразумните царини за кинеската стока“, рече министерот за надворешни работи Ванг Ји на политичкиот форум во кинеската престолнина во понеделникот.

„Подготвени сме за отворена комуникација со американската страна“, рече првиот кинески пратеник. Тој го повика Вашингтон да ги почитува основните кинески интереси и „да престане да ги оцрнува“ Комунистичката партија и кинескиот политички систем.

Односите меѓу Пекинг и Вашингтон се влошија за време на администрацијата на Трамп, кога започна трговската војна. САД воведоа царини за кинеската стока и воведоа санкции за кинеските функционери поради континуираното гасење на продемократското движење во Хонг Конг.

Досега нема индикации дека Бајден планира да ги поништи мерките на неговиот претходник.

Во првиот телефонски повик на Бајден со кинескиот претседател Си Џинпинг претходно во февруари биле видливи несогласувањата меѓу двете светски сили.

Бајден изрази „загриженост за присилните и нелојални економски практики на Пекинг“ и ги спомна „кинеските репресии во Хонг Конг (...) и сè поагресивните активности во регионот, вклучително и кон Тајван“.

Кинескиот претседател го предупреди дека „конфронтацијата би била катастрофална и за двете земји и за светот“, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе