Шефот на кинеската дипломатија: Американскиот притисок врз Хуавеј е чисто економско насилство

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави денес дека американскиот притисок врз кинеските компании како технолошкиот џин Хуавеј е економско насилничко однесување и обид да се спречи развојот на Кина.

„Употребата на американската сила за да се сузбијат приватните кинески компании, како Хуавеј, е типично економско малтретирање“, кажа Ванг во соопштение објавено на интернет страницата на кинеското министерство.

Тој во второ соопштение додаде дека кинеската врата секогаш ќе биде отворена за трговски преговори со САД, но дека нема да прифатат никакви неразумни договори.

Двете земји заглавија во ќор-сокак на заемно кревање на царините откако пропаднаа преговорите за решавање на трговскиот спор. Тензиите дополнително пораснаа откако Вашингтон минатата недела го стави Хуавеј на листата на компании кои не можат да купуваат делови и технологија од американски компании без дозвола од владата.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе