Шефот на кабинетот на Зеленски: Руската економија ќе биде уништена со ограничување на цената на нафтата

Руската економија ќе биде „уништена" со претстојното воведување на ограничувањето на цената на нафтата од таа земја на 60 долари за барел како што договорија земјите од ЕУ, Г7 и Австралија, изјави претставник на украинското претседателство.

Фото: ЕПА

„Ние секогаш ја постигнуваме нашата цел и руската економија ќе биде уништена и ќе плати, ќе одговара за сите свои злосторства“, напиша на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Тој додаде дека цената на нафтата требало да се ограничи на 30 долари за барел за „побрзо уништување“ на Русија.

Членките на Европската унија вчера постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што е клучен чекор во рамки на западните санкции кои имаат за цел да го преуредат светскиот пазар, така што нејзините цени не дивеат и на Русија да ѝ се отежни финансирањето на војната против Украина. Ограничувањето на цената од 60 долари за барел беше прифатено и од Г7 и од Австралија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе