Шефот на иранската дипломатија: Ова е тероризам и војна против Иран, ќе одговориме соодветно (ВИДЕО)

Американското убиство на иранскиот генерал е чин на државен тероризам и Иран пропорционално ќе одговори, кажа во разговор за Си-ен-ен иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф.

Тој смета дека американскиот престедател Доналд Трамп покажа дека не го почитува меѓународното право бидејќи се заканил дека ќе го нападне иранското културно наследство.

„Ова е државен тероризам“, кажа Зариф за убиството на генералот Касем Сулејмани, командантот на елитните сили Кудс на иранската Револуционерна гарда. Сулејмани беше убиен во напад со дрон во петокот во Багдад.

„Ова е чин на агресија кон Иран и е еднаков на оружен напад против Иран, а ние ќе одговориме. Но ќе одговориме пропорционално, не диспропорционално. Не сме нелегални како претседателот Трамп“, додаде шефот на иранската дипломатија.

Трамп во саботата се закани дека САД се спремни да нападнат 52 ирански цели, вклучувајќи и локации важни за иранската култура, ако Техеран се реши да напаѓа американски цели.

Во неделата додаде дека САД „може да одговорат на непропорционален начин“.

Зариф денес кажа дека Трамп на светот му покажа дека е „спремен да изврши воени злосторства бидејќи нападот врз културното наследство е воено злосторство“.

Американската политика денес ја осуди и иранскиот парламент кој едногласно го прогласи Пентагон за терористичка организација, објави иранската агенција ИРНА.

Иранскиот министер истакна дека Вашингтон треба да сфати дека „САД не можат да останат во регионот доколку локалното население тоа не го сака“.

Неговиот помошник Абас Аракчи денес кажа дека нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили сепак не е напуштен, и покрај одлуката на Иран да ги игнорира ограничувањата на збогативањето ураниум, што е дел од договорот.

Техеран во неделата објави дека се откажува од дел од обврските од договорот, но и дека ќе соработува со набљудувачите на Обединетите нации.

Иран тврди дека нуклеарната програма нема воена цел и веќе прекрши низа рестрикции откако САД се повлекоа од договорот во 2018 и ги вратија санкциите кои беа дел од договорот.

„Нуклеарниот договор сѐ уште не е мртов“, порача Аракчи кој е еден од преговарачите за тоа прашање. „Спремни сме повторно целосно да ги почитуваме своите обврски, во зависност од укинувањето на санкциите и економските придобивки кои ги добиваме од договорот“, заклучи тој.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе