Шефот на ИЕА ја предупреди ЕУ: Подгответе се за целосен прекин на испораките на гас од Русија

Европската Унија треба да се подготви за тоа дека Русија во текот на претстојната зима целосно ќе ѝ ги прекине испораките на гас, предупреди шефот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) Фатих Бирол, кој го повика европските влади да ја намалат потрошувачката на гас и да ги одржуваат нуклеарните централи.

EPA-EFE

Бирол оцени дека намалувањето на испораките на руски гас во последните денови може да биде увертира за почеток на пошироки прекини на снабдувањето, кои се смислени да спречат полнење на складиштата во подготовка за зимата, како дел од обидите на Русија да влијае на условите во ЕУ.

„Европа би требало да биде спремна за случајот дотокот на рускиот гас да биде целосно прекинат. Колку повеќе се приближуваме до зимата, подобро ги разбираме намерите на Русија. Верувам дека прекините се насочени кон поткопување на можноста Европа да ги наполни складиштата и за зголемување на влијанието на Русија во зимските месеци“, кажа Бирол.

Европските земји се обидуваат да ги наполнат складиштата пред зимата, а Германија се надева дека до ноември ќе наполни 90 отсто од капацитетите. Нејзините складишта во моментов се половично полни.

Државите на ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива, набавувајќи гас од други земји, пред сè од САД. Тие најавија и дополнително користење јаглен, што е спротивно на зелените цели на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе